Апелациониот суд денес ќе донесе одлука дали прислушуваните разговори или популарно наречени „бомби“ ќе бидат прифатени како доказу во предметот „Тортура“ кој го покрена Специјалното јавно обвинителство.

Првообвинет е Сашо Мијалков, екс директорот на УБК кој дава повеќе сурови детали за приведувањето на Љубе Бошкоски кој по изборите во 2011 беше уапсен поради сомнежи за злоупотреби во изборна кампања за што подоцна беше и осуден.

Според СЈО има основи за сомнеие за сторено кривично дело мачење и друго сурово, нечовечко постапување и казнување од Кривичниот законик. Бошкоски беше легнат на земја и наводно еден од полицајците му ставил пиштол во уста. Исто така осомничен е и Ивица Антевски-Пуки кој е екс командант на специјалната мобилна полициска единица „Алфа“.

Досега Апелациониот суд за речиси сите барања на СЈО за прифаќање на прислушуваните материјали како докази одговори позитивно во второстепена постапка откако претходно тоа одби да го направи Кривичниот суд Скопје 1.

Спекатуларното и понижувачко апсење на Љубе Бошкоски од пред скопски ресторан беше снимано и емитувано како главна вест на повеќе телевизии.