Во Собранието стигнало барање од судот за укинување на пратеничкиот имунитет за пратениците Сашо Василевски, Жаклина Пешевска и Љупчо Димовски.

Барањето потпишано од судијата Ненад Савески како судија на претходна постапка, е адресирано до Претседателот на Собранието, Талат Џафери.

Тројцата пратеници се обвинети според член 313 од Кривичниот законик за „Терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста“, за кое е е предвидена казна затвор од најмалку 10 години.

Неофоцијално, до Собранието е пристигнато уште 1 барање, но нема информации за кој пратеник станува збор.