На оперскиот пејач Игор Дурловски му е одреден притвор од 30 денови а пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ, Жаклина Пешевска доби куќен притвор, според информации од судот.

Судот одлучува и за притвор на Митко Чавков, актерот Владо Јовановски, Мунир Пепиќ и десетина други лица кои беа приведени за настаните во Собранието од 27 април.

Дурловски беше еден од организаторите на протестите предводени од „За Заедничка Македонија“ но немаше ниту еден доказ против Дурловски дека делувал терористички против државата.