Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Крсто Мукоски по целодневен престој во Кривичниот суд замина дома.

Тој е еден од пратениците за кои е побарана мерка притвор. Барањето е испратено до Собранието кое треба да одлучи дали ќе го прифати предлогот на судот за да му го симне пратеничкиот имунитет.

Крсто Мукоски заедно со Сашо Василевски на 27-ми април им ги отворија собраниските врати на насобраните демонстранти.