Еден од организаторите на протестите „За Заедничка Македонија“ Борис Дамовски неофицијално добил куќен притвор. Информацијата се уште нема официјална потврда.
Покрај него, во притвор, според официјално потврдени информации се уште 5 лица, а двајца добиле куќен притвор.
Неофцијалните информации велат дека најголемиот дел од останатите кои вчера беа приведени добиле притвор.
Се очекува во текот на денот да бидат соопштени сите одлуки.