На денешното продолжение на судењето за предметот „Насилство во Центар“, вина за стореното призна уште еден од 14 обвинети.
Петообвинетиот Јордан Ристевски, непосредно пред судијката да го осложи денешното рочиште и судењето да го презакаже за 7 декември, излезе со признание дека се чувствува виновен и се покаја за делото.
- По минатото рочиште откако ги разгледав делата за кои сум обвинет, сакам да кажам дека го признавам стореното и чувствувам длабоко каење, рече Ристевски во судницата.
Неговиот адвокат Боро Ристевски, по оваа изјава веднаш го откажа полномошното и објасни дека во моментот разбрал за признанието на неговиот клиент.
Обвинителката Фатиме Фетаи побара постапката за него да се раздвои и судењето за него да продолжи веднаш.
Судијката Татјана Михајлова се повлече да одлучи дали раздвоенета постапка за Ристевски ќе продолжи денеска или ќе закаже ново рочиште.
Вина за настаните пред општина Центар во јуни 2013, преходно призна и четвртообвинетиот Томислав Лазаров, кој во раздвоена постапка доби условна шестмесечна казна, доколку во рок од две години не стори друго кривично дело.
На денешното рочиште дојде и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски кој е обвинет во „Насилство во Центар“, за едно со поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески, пратеничката Даниел Рангелова и уште 11 други лица.