Уште едно лице од оние кои не беа достапни на полицијата, осомничено за настаните во Собранието на 27 април, вечерва им се предал на органите на прогонот, објави вечерва МИА, повикувајќи се на телевизијата Телма.
Кривичниот суд денеска соопшти дека уште двајца учесници во насилствата во Собранието добија 30-дневен притвор.