Македонскиот претседател Ѓорге Иванов, премиерот Зоран Заев, претседателот на Собранието, Талат Џафери и лидерите на ВМРО-ДПМНЕ и на ДУИ, Никола Груевски и Али Ахмети синоќа одржаа средба во Кабинетот на шефот на државата на која беа разменети мислења за актуелните случувања во Македонија.
Како што соопшти Кабинетот на претседателот Иванов, се разговарало за решенија за излез „од моменталната состојба на тензичност во државата, која предизвикува загриженост кај граѓаните“.
– Соговорниците се согласија дека е неопходно сите чинители во општеството да се насочат кон градење консензус за национален дијалог, во функција на помирување и нормализирање на политичките процеси, како основа за продолжување на реформските приоритети на Република Македонија, се наведува во соопштението.
Кабинетот на шефот на државата нагласува и дека „за прашањата кои предизвикаа интерес на оваа средба, разговорите ќе продолжат и во иднина“