Со 67 гласа „за“ Собранието на Република Македонија денеска на 25. седница го одобри барањето на Кривичниот суд за притвор на пратениците Крсто Мукоски, Јохан Тарчуловски, Жаклина Пешевска, Љубен Арнаудовски, Љупчо Димовски и Сашо Василевски.

Со тоа заврши постапката предвидена со Деловникот на Собранието и Уставот за симнување на пратеничкиот имунитет на шестмината пратеници од коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ поради насилните настани од 27 април во Парламентот.

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ не учествуваше на седницата. Според нив, седницата е „политичка фараса, чија единствена цел е реваншизам, сеење омраза и уништување на сите оние кои што мислат различно“.

Пратеникот од СДСМ Томислав Тунтев во своето обраќање рече дека денеска како пратеници во Собранието на РМ се наоѓаат пред изборот на две опоции дали ќе дозволиме правдата и правните процеси да се вратат на вистинскиот пат или и понатаму во државата ќе се сптроведува селективна правда и ќе има приливегирани.

- На 27 април животите и здравјето наше, на нашпите колеги пратеници, на службите во Собранието, новинарите и медиумските работници беа загрозени. Она што се случуваше тој ден е спротивно на сите човечки, морални, етички, но што е најважно и законски правила и прописинорми. Тоа го виде и се согласи целата домашна и меѓународна јавност. Тој ден кој влезе во срамната историја на нашата држава, мора да биде расчистен за да можеме оваа темна дамка да ја избришеме. Тоа му го должиме и на владеењето на правото во оваа држава, но и на граѓаните, рече Тунтев.

Тој додаде дека одлуката воопшто не било лесно да се донесе, но се потпреле на досегашната практика на Собранието.

- Од осамостојувањето на државата досега македонското Собранието никогаш не дозволило попречување на судски одлуки и не смее да го дозволи нуту сега. Судот во некоку наврати досега барал од Собранието да донесе одлука за симнување на имунитет на пратеници а Собранието секогаш имало намера да го остави судот да одлучува за пратениците како и за секој друг обичен граѓанин. Од тука верувам дека за сите нас изборот не е едноставен, но е јасесен со оглед на заедничката оптределба на сите за правна држаба, владеење на правото и еднаквост пред законите. Наша должност и одговорност е ова Собрание цврсто да застане на страната на правдата и еднаквоста. Токму Собранието мора и треба да биде пример за враќање на правната државата, рече Тунтев.

Тој при тоа изрази убедување дека и пратениците на кои се однесува оваа одлука, ја разбиртаат и ја поддржуваат потребата како законодавен дом да обезбедиме услови правдата да го пронајде својот пат.

- Ако се убедени во својата невиност, ако веруваат во своите постапки тогаш, оваа одлука е од нивен интерес. Враќањето на правната држава е најважната работа за оваа држава и Собранието треба да биде приемр за тоа. Институциите имаат должност да го расветлат случлајот за никогаш да не се повтори. Законот мора да важи еднакво за сите, правда мора да има за сите и сите граѓанио да бидат еднакви. Од овие премиси како пратеници не смеем никогаш да отстапиме, рече Тунтев.

Пратеникот Артан Груби од ДУИ пренесувајќи го ставот на партијата истакна дека 27 април беше тежок ден за демократијата во нашатра држава, нејзиниот имиџ. Тие сцени, за кои сите сносиме одговорност посочи, никогаш не треба да се повторат.

- Денешната седница нека не зајакне уште повеќе во нашиопт правичен пат во регфроми во судствоито, за судство необременето, кредибилно и некорумпирано. Но, не само за тоа, туку и за јазична рамноправност и заокружување на Охридскиот догово, здрави меѓуетнички и добрососедски односи и затворање на отворените прашања со соседите за интеграција на земјата во НАТО и ЕУ. Затоа што токму таму ни е местото,Од секое стардање треба да извлелчеме поука и затоа ова не ка биде пика за нас и да извклелчеме сила за една вистинска демократија. Се вели од секое страдање има поука, затоа ова нека биде поука за сите нас, за граѓаните, институцвиите, за општетството и нека се претвори во сила за да одиме напред за една вистинскам демопкратија и евроатлантска Македонија, рече Груби.

На предлог на пратеникот и претседател на Комисијата за деловничко и мандатно - имунитетни прашања Павле Богоевски, расправата по двете точки од дневниот ред - барањето на судот за одредување притвор на шестмината пратеници поднесено од Кривичниот суд и одземањето на нивниот имунитет беа споени во една.

Иако, Собранието им го симнa имунитетот на пратениците, тие, според македонската легислатива и Уставот, ќе останат на пратеничката функција се додека евентуалната пресуда на Кривичниот суд не стане правосилна и ако пратеникот е осуден за кривично дело за кое е пропишана казна затвор во траење од најмалку пет години.

Шестемина пратеници се дел од 36-те лица кои Основното јавно обвинителство ги гони за „терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста“, во врска со настаните од 27 април годинава во Собранието на Република Македонија.