Авто мото сојузот на Македонија информира дека поплавен е подвозникот кај клучката Матка во близина на бензиската пума „Бис Оил“.

Поплавувањето настанало порди врнежите од дожд и дефект на водоводната мрежа, а заглавени биле четири возила.

Патниците од возилата биле извлечени од страна на пожарникарите, а на терен се уште работат екипи.