Врховниот суд одлучи обвинетите од „Монструм“ веднаш да бидат пуштени на слобода, пренесува телевизија ТЕЛМА.
Во соопштението стои дека обвинетите Агим Исламиловиќ, Фејзи Азири, Тахи Азири и Сами Љута им се опредуваат мерки за претпазливост, забрана да го напуштаат градот, и два пати неделно да се јавуваат во Кривичен.
Минатата недела, Врховен ја укина пресудата за „Монструм“ и го врати предметот на повторно судење во Кривичен. Но, неделава од Кривичен повротно им го вратија предметот на Врховен, за тие да одлучат да за мерките.
Петкратното убиство кое им се става на товар на обвинетите беше извршено на 12 април 2012 година кај Смиљковското Езеро, каде што беа убиени четири момчиња и рибар.