Физички и формално 27 април е атак кон нас како личности претставници на граѓаните, но во суштина тоа е атак кон дел од суверенитетот бидејќи ние претставуваме група, а не поединци. И во тој контекст, тежината на делото добива на значење, рече претседателот на Собранието Талат Џафери во вечерашното издание на емисијата „Ноќно студио“ на ТВ Телма.
Не е едноставна, наведе Џафери, одлуката и чувството да се доведеш во ситуација да изгласаш одлука која подразбира поинаков статус на колега којшто би требало да биде колега. Имајќи ја предвид презумпцијата на невиност се додека не се докаже вината во соодветна права процедура за мене тие се пратеници и моја законска обврска по Деловник е да водам сметка за правата на пратениците, без оглед кој ќе биде идниот статус, посочи Џафери.
Тој порача дека нивото на тензичност во државата треба да се сведе на минимум.