Владите на Македонија и Албанија на 15 декември во Подградец ќе одржат заедничка седница.
Претставниците на Владите на двете држави, како што се наведува во соопштението на македонската Влада, го договориле датумот и местото на одржување на заедничката седница.
Повеќе теми е предвидено да бидат разгледани на седницата во Подградец, а во фокусот ќе биде унапредување на заемната соработка во повеќе области.
Владата на премиерот Зоран Заев на 23 ноември во Струмица одржа заедничка седница со бугарската Влада.