Премиерот Зоран Заев е во посета на Брисел каде ќе се сретне со претседателот на Европската комисија Жан Клод Јункер, со претседателот на Европскиот парламент Антонио Тајани, со високата претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност Федерика Могерини и со еврокомесарот за соседска политика и проширување Јоханес Хан.

Во делегацијата, што ја предводи премиерот Заев, се и вицепремиерот Бујар Османи, министерот за надворешни работи Никола Димитров, министерот за транспорт и врски Горан Сугарески и генералниот секретар на Владата на РМ Драги Рашковски.