Постои голем неискористен потенцијал за унапредување на соработката меѓу Македонија и Индонезија во економијата, образованието, културата и туризмот, соопшти МНР.
Ова е оценката од денешната средба на државниот секретар Виктор Димовски и членовите на индонезиската парламентарна група за пријателство и соработка со Собранието на Република Македонија.
На средбата, според МНР, беше разговарано и за потребата од дооформување на договорно-правната рамка на соработката, како и за можностите за воспоставување непосредна соработка меѓу бизнис-заедниците од двете земји.