Македонија ќе испрати хуманитарна помош за населението во поплавените подрачја во Албанија.

Влада на Република Македонија на денешната 41 седница ја разгледа доставената информација од страна на Амбасадата на нашата земја во Тирана за состојбите во Република Албанија по големите поплави.

Владата ги задолжи Дирекцијата за заштита и спасување, Министерството за надворешни работи и другите надлежни институции во рок од три дена да достават предлог решение за испраќање хуманитарна помош кон регионите во Албанија кои се зафатени со поплавите.