Владата, вклучително и Министерството за финансии, според портпаролот Миле Бошњаковски, немале информација околу бонусите кои биле распределни во Државната изборна комисија (ДИК).

– ДИК е независно тело, а секој буџетски корисник сам ги распределува парите во рамки на нивниот буџет. Но, потенцирам, ниту Министерството за финансии, ниту Владата на РМ немаа информација во однос на бонусите кои се исплатени, изјави денеска владиниот портпарол Бошњаковски.

Како што укажа, Владата многупати досега се изјаснила дека е потребно кратење во целост на сите ненаменски трошења на пари и непродуктивни трошоци и превенирање во иднина да не се случуваат вакви работи.