Во 15-тина учебници кои се користат во високото образование детектирани се дискриминаторски содржини кон лицата кои користат дрога, ЛГБТ и луѓето кои живеат со ХИВ, но потребна е посистематска ревизија и комплетно модернизирање на учебниците и учебните помагала, оти во нив има дискриминација по повеќе основи.

Ова го истакна Драгана Дрндаровска од Коалицијата „Сексуални и здравствени права на маргинализираните заедници“ на денешната конференција „Кон образование без дискриминција: Заложби за надминување на дискриминацијата во учебниците за високо образование“

Таа кажа дека со овој проблем се занимаваат од 2009 година и досега преку соработка со Комисијата за заштита од дискриминација и со Народниот правобранител, делумно успеале да отстранат содржини од некои учебници. Но, додава се уште има голем број учебници од кои за некои имаат позитивна одлука, меѓутоа авторите и универзитетите УКИМ и УКЛО одбиваат да ги повлечат содржините.

- Примерите каде хомосексуалноста се третита како перверзија или болест, и се наведуваат луѓето кои користат дрога се бројни. Но, она што навистина загрижува е што тие се употребуваат на факултети како Социјални работи и политика или на Психологија на кои што учат студенти кои во иднина треба да работат со овие луѓе, да им помагаат и да имаат позитивнио ставови, наместо дискриминација и стигма, вели Дрндаровска.

Проблемот генерално, вели, е и во квалитетот на учебниците од виското образование со оглед дека, хомосексуалноста не се смета за болест уште од 1990 година, а наши професори изадваат учебици во 2009 година каде тврат дека таа е болест.

Професорот на Правниот факултет при Тетовскиот универзитет и член на Комисијата за антидискриминација Беким Кадриу, вели дека повеќе се забележува дискриминација по основ на пол и род, сексуалноата ориентација, верска и етничка припадност, а за дискриминацијата во учебниците вели значајен е пристапот на институциите.

Според проф. Љубомир Фрчковски можност за надминување на проблемот со дискриминирачките содржини гледа во внесување на вредностите на европскиот образовен простор како темел на новиот закон за високо образование и преку промени во определени програми и курикулуми кои треба да ги наметне ректоратот преку ангажирање квалификувана група професори, помош од надвор и учество на НВО и експерти од таа област.

Проф. Николина Кениг сподели резултати од истражување спроведено неодамна врз 500 студенти од прва и од четврта година на факултети од општествени и социјални работи, според кои, генерално хомофобичен став имаат 21 процент од испитаниците, а дури една четвртина не сакаат ниту во државата да живеат.

Целта на форумот е универзитетските професори и студентите да станат проактивни чинители, јавно да се заложат за повлекување на содржините и унапредување на квалитетот на високото образование преку доставување заеднички барања и писма со ректоратите, иницирање на вметнување на анти-дискриминаторски политики и одредби во издавачката дејност на факултетите и нивна соодветна примена.