Американскиот државен секретар Рекс Тилерсон рече дека конечната одлука за статусот на Ерусалим ќе зависи од преговорите меѓу Израел и Палестина.

– Со почит кон останатите од Ерусалим, но претседателот не зборуваше за конечен статус за Ерусалим, изјави Тилерсон на заедничка прес-конференцијата со францускиот министер за надворешни работи Жан-Ив Ле Дриан.

Оваа изјава доаѓа по одлуката на Трамп да го признае Ерусалим како главен град на Израел и да ја премести американската амбасада од Тел Авив во овој град.

– Тој беше многу јасен дека конечниот статус, вклучувајќи ги и границите, ќе им бидат оставени на двете страни за нив да преговараат и да одлучат, рече Тилерсон.

Според него малку е веројатно дека преместувањето на амбасадата ќе биде во блиска иднина и тоа најверојатно нема да се случи следната година. Како што кажа Тилерсон преместувањето ќе потрае неколку години за да се направи транзиција и од безбедносни и други прични.