Првиот човек на Арапската лига, Ахмед Абул Гејт вечерва на почетокот на средбата на министрите за надворешни работи на членките на организацијата во Каиро, ги повика земјите ширум светот да ја признаат „Палестина“ како независна држава со главен град Источен Ерусалим.

Според него, ваквата постапка би претставувала одговор на одлуката на американскиот претседател Доналд Трамп за признавање на Ерусалим како главен град на Израел.

Гејт нагласи дека одлуката на Трамп ја доведува во прашање улогата на Вашингтон како посредник во мировните процеси, не само на Блискиот Исток, туку и во целиот свет.

– Таквата одлука ја легализира окупацијата (на палестинските територии), истака Гејт.