Комисијата за европски прашања денеска со почеток во 11 часот ќе одржи седница на чиј дневен ред е предлог- законот за употреба на јазиците во второ читање.

За предлог-законот се поднесени 90 амандмани, од кои 84 се поднесени од страна на ВМРО-ДПМНЕ. СДСМ поднесе четири, а Беса два амандмани.

Потоа предлог-законот во второ читање ќе се врати на пленарна седница по што ќе следува гласање на пратениците. Потребата од носење на закон за употреба на јазиците беше изгласа на собраниска седница на 15 ноември.