Претседателот на Владата на Република Македонија Зоран Заев утре ќе престојува во еднодневна официјална посета на Косово.

Заев ќе се сретне со неговиот косовски колега Рамуш Харадинај, а ќе има средби и со претседателот на Косово Хашим Тачи и со претседателот на косовското Собрание, Кадри Весели.

За време на престојот во Косово, македонскиот премиер ќе се сретне со претставници на Македонско – косовската бизнис заедница.

Во македонската делегација, што ја предводи премиерот Заев, ќе бидат и министерот за економија Крешник Бектеши, министерот за транспорт и врски Горан Сугарески, министерот за култура Роберт Алаѓозовски, како и министерот без ресор задолжен за дијаспора Едмонд Адеми.

Посетата на Заев е прва официјална посета на премиер на Република Македонија на Република Косово.