Претседателот на Собранието Талат Џафери денеска го отвори прашањето за правната празнина што се јавува меѓу примањето на писмо со барање за симнување на имунитет на именувани и избрани лица од Судот и моментот на одлучување дали ќе му биде симнат имунитетот.
Џафери смета дека тоа мора да се регулир за да се спречат злоупотреби.
– Станува збор за ситуација од моментот кога ќе се даде налог за придружба, за обезбедување на лице носител на имунитет, да не се врзува само за пратениците затоа што има и други лица со имунитет… од моментот кога ќе се даде налог, до моментот за одлучување што е пропишана во соодветна процедура во Деловникот за работа на Собранието, во таа празнина што правиме со човекот. Мора да се регулира оваа празнина затоа што тоа е простор за злоупотреба односно за поинакво интерпретирање, вели Џафери во изјава за МИА.