Корупцијата заедно со нееднаквоста, лошото владеење и нелегалните финансиски трансакции се фактори што доведуваат до несигурност и неправда во општеството за сите граѓани. Нашата агенда што ја промовиравме значи создавање услови за стабилно, правилно и инклузивно општество еднакво за сите, а остварувањето на оваа цел нема да биде можно ако значително не ја отстраниме корупцијата и поткупот во сите нивни форми, на секое рамниште во нашиот општествен поредок.

Ова го истакна премиерот Зоран Заев, кој денеска ја потпиша Декларација и положи заклетва за нулта толеранција против корупцијата на настанот на Правниот факултет при УКИМ, организиран од Хелсиншкиот комитет за човекови права на Република Македонија со кој беше одбележан Меѓународниот ден против корупцијата и Меѓународниот ден на човековите права.

Според него, од најтежок вид е корупцијата извршена од лица кои работат во јавниот сектор кои треба да бидат застапници и спроведувачи на човековите права и земјата мора да ги удвои напорите за нејзнино препознавање, спречување и решавање.

- Силно се спротивставувам на феноменот што предизвика создавање амбиент во кој политички елити се почувствуваа привелегирани и мислеа дека правдата и казната што произлегува после корупцијата нема да ги опфати и нив. Она што ни е потребно е сеопфатна акција на искоренување на корупцијата на сите нивоа и во сите јавни институции, рече Заев.

Луиза Винтон претставникот на УНДП изрази задоволство од денешниот настан на кој за нулта толеранција се обврзаа високи владини претставници, но нагласи потпишувањето на документот е само лист хартија и потребно е да биде проследено со дејствување од страна на политичарите, но и на граѓаните да одбиваат да плаќаат мито и да бидат корумпирани.

- ОН силно се залагаат за борба против корупција ширум светот бидејќи корупцијата ја разорува довербата помеѓу луѓето и институциите, кои треба да им помагаат и е крадец на економскиот развој. Проценките покажуваат дека корупцијата на годишно ниво во светот достигнува до 2,6 трилиони долари што е 5 проценти од светското БДП, рече Винтон.

На документот потпис ставија и заклетва дадоа и лидерот на ДУИ Али Ахмети и Арбен Таравари од име на Алијансата на Албанците. Потпис на декларацијата и заклетва положи и градоначалник на град Скопје Петар Шилегов во својство на претседател на ЗЕЛС со што се обврза за нулта корупција во единиците на локалната самоуправа во Македонија.

На настанот беше најавено и воведување државна награда за промоција на човековите права именувана по Мето Јовановски, првиот претседател на Хелсиншкиот комитет на РМ, писател и активист. вг/дма/16:12

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.

НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ Други вести Македонија Мал напредок на четири македонски тенисери на АТП листата Мал напредок на четири македонски тенисери на АТП листата понеделник, 11 декември 2017 21:09 На најновата АТП листа објавена денеска четири македонски тенисери имаат мал напредок, а пад има само Горазд Србљак. Томислав Јотовски и натаму е најдобро рангиран со 52 поена се наоѓа на 567 место (скок едно место). Димитар Грабул со 2 поена е на 1.... повеќе ... Станковски: Вардар е фаворит и се надевам дека ќе одиграме квалитетно Станковски: Вардар е фаворит и се надевам дека ќе одиграме квалитетно понеделник, 11 декември 2017 20:58 Фудбалскиот шампионат на Македонија (првиот дел) ќе заврши со натпреварот меѓу Вардар и Работнички. Овој дуел се игра во среда на Националната Арена „Филип Втори“ со почеток од 13 часот. повеќе ... Протест на ВМРО-ДПМНЕ пред Министерството за правда Протест на ВМРО-ДПМНЕ пред Министерството за правда понеделник, 11 декември 2017 20:51 Протест против приведувањата пратеници и други лица за учество во настаните во Собранието од 27 април годинава, се одржа вечерва пред Министерството за правда во Скопје, во организација на ВМРО-ДПМНЕ. повеќе ... Претседателот на МОК Тупурковски на средба со шеикот Ал-Сабах Претседателот на МОК Тупурковски на средба со шеикот Ал-Сабах понеделник, 11 декември 2017 20:04 Во Приштина денеска делегација на Македонскиот олимписки комитет (МОК), предводена од претседателот Васил Тупурковски, генералниот секретар Сашо Поповски и спортскиот директор Владимир Богоевски, оствари официјална средба со шеикот Ахмад Ал-Фахад Ал-... повеќе ... Во Брисел средба на Нимиц со преговарачите за името Наумовски и Василакис Во Брисел средба на Нимиц со преговарачите за името Наумовски и Василакис понеделник, 11 декември 2017 19:28 Специјалниот претставник на ОН за спорот со името меѓу Македонија и Грција Метју Нимиц утре во Брисел ќе има средба со преставниците на двете земји Васко Наумовски и Адемантиос Василакис, за надминување на разликата околу името. повеќе ... Гевгелија утре без вода Гевгелија утре без вода понеделник, 11 декември 2017 18:42 Во дел од централното градско подрачје на Гевгелија, утре од 9 часот до отстранување на дефектот, ќе биде прекинато водоснабдувањето, соопштија попладнево од јавното комунално претпријатие. повеќе ... ПРВА 1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 11 12 13 14 15 16 17 ПОСЛЕДНА ФОТО СЕРВИС normal-view3 Бектеши и Анѓушев-прес конференција normal-view3 Хелсиншки комитет normal-view3 Прес Шекеринска - буџет 2018 normal-view3 Тркалезна маса за енергетската ефикасност повеќе МОЗАИК Претставен трејлерот на футуристичкиот акциски филм „Алита - борбениот ангел“ (видео) Претставен трејлерот на футуристичкиот акциски филм „Алита - борбениот ангел“ (видео) Фокс го објави трејлерот за филмот „Алита - борбен... Суданки казнети со 40 камшици оти носеле панталони Суданки казнети со 40 камшици оти носеле панталони Дваесет и четири Суданки се соочуваат со казна од ... Уругвај: Скара за во „Гинис“ Уругвај: Скара за во „Гинис“ Уругвај го собори Гинисовиот рекорд во печење скар... Севернокорејскиот лидер го контролира и времето Севернокорејскиот лидер го контролира и времето Севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун се искачи на н... Италијанец го премина Тибар одејќи по јаже Италијанец го премина Тибар одејќи по јаже Италијанскиот еквилибрист Андреа Лорени, одејќи по... ТИКЕР 00:21 | Побарана конгресна истрага против Трамп за „недолично секусално однесување“ Три од жените, кои лани го обвинија американскиот претседател Доналд Трамп за „недолично секусално о... 23:30 | „Акциите на Израел во Газа“ мотив за денешниот обид за напад во Њујорк Бангладешанецот Акајед Улах, кој денеска се обиде да изврши бомбашки напад во Њујорк, за време на со... 21:36 | Путин-Ердоган: Одлуката на САД за Ерусалим го дестабилизира Блискиот Исток (ДПЛ) Русија и Турција сметаат дека одлуката на САД да го признаат Ерусалим за главен град на Израел го де... 21:12 | Русија и Турција сметаат дека одлуката на САД за Ерусалим го дестабилизира Блискиот Исток Русија и Турција сметаат дека одлуката на САД да го признаат Ерусалим за главен град на Израел го де... 21:10 | Украински суд го ослободи Саакашвили од притвор Украински суд вечерва донесе одлука за ослободување од притвор на поранешниот грузиски претседател и... Алкалоид Diners Скопски саем Неоком ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Калајџиев: Советот за реформи во правосудството декор на МП и Владата Калајџиев: Советот за реформи во правосу... Професорот по Казнено процесно право на ... БПЦ: Очекуваме наскоро да бидеме во посакуваното единство со МПЦ БПЦ: Очекуваме наскоро да бидеме во поса... На Светата божествена литургија што се о... Претседателот на ДИК Чичаковски и членовите Дума и Милев поднесоа оставки Претседателот на ДИК Чичаковски и членов... Претседателот на Државната изборна комис... СЈО: Прифатено барањето за заштита на законитоста во случајот на Едмонд Темелко СЈО: Прифатено барањето за заштита на за... Врховниот суд на Република Македонија на... Груевски поднесе оставка, новиот лидер на ВМРО-ДПМНЕ ќе се избира на конгрес на 22 и 23 декември Груевски поднесе оставка, новиот лидер н... ВМРО-ДПМНЕ на вонреден конгрес на 22 и 2... Најгоре СЕКЦИИ МакедонијаРегионСветБизнисКултураСпортМагазинИнфо сервисиМозаикЖурналФото сервис АЛАТКИ АндроидiOSКомпјутерМобиленКурсна листаКорисни линковиМапа на страницата ЗА НАС За МИАИмпресумУслови за користењеИзјава за приватностCopyrightМаркетингПишете ни СЛЕДИ НЕ FacebookTwitterRSSFlickerYoutube Почетна Општествена одговорност Билтени Јавни набавки Информации од јавен карактер ISO 9001:2008 ISO 14001:2004 OHSAS 18001:2007 МИА © 2012 • Македонска информативна агенција Сите права се заштитени. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција. Секој упад и злоупотреба на интернет страницата на МИА е казнив по членовите 251 и 251a од КЗ на Република Македонија. Правен консултант и застапник: Адвокат Бојан Ѓуровски. Смени верзија: