„Република Македонија и Република Косово имаат позитивни и конструктивни билатерални односи и соработка на сите нивоа.

Со премиерот Харадинај и со другите министри во косовската влада, со Претседателот на Парламентот на Косово, Кадри Весели и со претседателот на Република Косово, Хашим Тачи, денеска се среќаваме како лидери на две земји без отворени прашања. Тука сме за да одиме чекор понатаму: да отвориме нови можности за натамошно унапредување и продлабочување на нашите меѓусебни односи.

Среќен сум што сум прв премиер на Република Македонија кој дошол во посета на Косово.“ напиша на својот Фејсбук профил премиерот Зоран Заев кој денеска престојува во официјална посета на Приштина.