Одлуките по жалбите се очекува да бидат објавени во текот на денот.

Во Основниот суд Скопје 1 претпладнево се одржа седница на Кривичниот совет по жалбите за определување притвор за пратениците Љупчо Димовски и Сашо Василевски. Одлуките по жалбите се очекува да бидат објавени во текот на денот.

Димовски и Василевски беа приведени во врска со собраниските настани на 27-ми април годинава. Василевски е во притвор во Шутка, а Димовски во куќен притвор, откако Собранието им го одзеде имунитетот.