Поранешните началници во Управата за безбедност и контраразузнавање, Горан Грујевски и Никола Бошкоски се обвинети во случајот „Таргет- Тврдина“. Двајцата се во притвор во близина на Солун.
Во судот во Солун треба да се одржи рочиште за барањето од македонските власти за екстрадиција на поранешните началници во Управата за безбедност и контраразузнавање, Горан Грујевски и Никола Бошкоски. Тие се обвинети во случајот „Таргет- Тврдина“. Двајцата се во притвор во близина на Солун.
На Грујевски и Бошкоски им се суди и за фалсификуваните пасоши со кои беа фатени на Солунскиот аеродром, при обидот да заминат за Будимпешта. Тоа е одвоено од постапката за екстрадиција. Судењето двапати беше одложувано бидејќи судот не можеше да обезбеди преведувач.