Поранешната судијка на Европскиот суд за човекови права во Стразбур, Маргарита Цаца Николовска, вели дека групата во Советот за реформи во правосудството во која се работи на Законот за судски совет и Законот за судови, а каде таа е членка, постојано е во заседание.

Како што вели таа се работи на одредени членови на законите во зависност од Планот 3-6-9, и не оди лесно. Според неа, во Советот има проблеми кои се обидуваат да ги детектираат и да ги расчистат колку што може, се со цел ефективно како Совет да придонесат во промената на легислативата.

Посочи дека се појавил проблем околу формирање на комисијата, која ќе работи на повторување на постапките.

„Јас можам да зборувам само за онаа група каде што јас сум член. Во самиот почеток кога се формираше овој совет, имаше период во кој подолго време бев отсутна од седниците. Меѓутоа, дека има проблеми, има. Се обидуваме сега да ги расчистиме и да ги детектираме. Се со цел ефективно како совет да придонесеме во она што значи потреба на државата во промена на легислативата“, вели Цаца Николовска.