Американската амбасада денеска се огласи на социјалната мрежа Твитер, во врска со екстремната загаденост на воздухот ширум земјата.

„Загадувањето на воздухот во Скопје денеска беше толку големо што едвај можеше да се види амбасадата! Кои се вашите идеи за почист воздух во Македонија?“ напишаа од Амбасадата на САД на Твитер.

После неколку саати на ова нивно прашање следеше одговор од официјалниот твитер профил на Руската амбасада во Македонија кои како на пријателска земја им порачаа: „Додека нашите пријатели од американската амбасада во Македонија бараат предлози за намалување за загаденоста, ние сакаме да им помогнеме со решение. Турски тек“