Огласот за прием на 60 слушатели на почетна обука за јавни обвинители беше поништен од страна на управниот одбор на Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“.
– Управниот одбор на Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“ на седницата одржана на 11 декември 2017 година донесе одлука за поништување на јавниот оглас на Академијата за прием на 60 слушатели на почетна обука-кандидати за јавни обвинители, објавен во Службен весник на Република Македонија од 30.08.2016 година и во дневните весници „Лајм“ и „Нова Македонија“, се наведува во одлуката објавена на веб страницата на Академијата.
Огласот бил поништен бидејќи 41 лице од пријавените кандидати конкурирале со фалсификат сертификати за англиски јазик. Против нив е поведена постапка од Основното јавно обвинителство Скопје за кривично дело „фалсификување исправа“.