Специјалното јавно обвинителство (СЈО) отвори седум нови истраги против 17 лица за злоупотреба на службена положба, измама во службата и други кривични дела.
Истрагите се именувани како „странски служби“, „друмарина“, „рендген“, „продуцент“, „лидери“, „тарифа 2“, и „транспортер 2“ а опфатени се актуелни и поранешни политичари, меѓу кои Силвана Бонева за приложување лажни сметки за патарини, поранешниот Министер за здравство за случајот со Ивона Талевска и набавка на медицинска опрема, поранешниот Министер за земјоделство, Љупчо Димов за ангажирање на продуцентска куќа за снимање на емисија како и двајца лидери на политички партии за договорање за уривање на нелегално изграден објект.
СЈО очекува од 2020 година да се трансферира и припои кон ЈОРМ во постапување во делата од негова надлежност и гонење на кривични дела од областа корупција.
– Верувам дека ние ќе поднесеме и други обвиненија и би можеле истите да ги застапуваме пред судовите на РМ – рече денеска специјалната јавна обвинителка Катица Јанева на прес конференција.