Специјалното јавно обвинителство денеска објави дека отворило седум нови истраги во кои се осомничени 17 лица за злоупотреба на службена должност, измама и други кривични дела.
Првата истрага под името „Странски служби“, како што информира обвинителка Фатиме Фетаи, се однесува на две осомничени лица, едно директен извршител, а другото како поттикнувач. Првоосомничениот е поранешен началник за оперативна техника во УБК кој направил извештај за да се потврди тогаш промовираната теза дека нелегалното масовно прислушување го вршеле тајни служби. Во декември 2014 преку фаворизирање странска компанија добила тендер за опрема во МВР. Целата постапка, според СЈО, е незаконски спроведена.