Специјалното јавно обвинителство (СЈО) отвори седум нови истраги против 17 лица за злоупотреба на службена положба, измама во службата и други кривични дела.
Во случајот „Друмарина“ осомничена е поранешна пратеничка за злоупотреба на надомест за патни трошоци во периодот од јули 2011 до декември 2015. Таа давала лажни фискални сметки за реализирани патувања од местото на живеење, иако имала сместување во Скопје. Според утврдените податоци од СЈО, ако биле реални поднесените сметки, таа за посочениот период требало да има поминато 235.928 километри. Утврдено е дека километражата на возилото со кое ги реализирала патувањата била 133.520 километри. Со тоа направила злоупотреба на средства во износ од околу 100.000 евра.