Специјалното јавно обвинителство (СЈО) отвори седум нови истраги против 17 лица за злоупотреба на службена положба, измама во службата и други кривични дела.
Истрагата „Продуцент“ се однесува на поранешен министер за земјоделство, шумарство и водостопанство кој во ноември 2009 година без јавна набавка склучил договор со продуцентската куќа „Смарт центар“ ДООЕЛ Скопје за снимање емисија која се емитувала на ТВ Сител во вредност од 50.000 евра.