Специјалното јавно обвинителство (СЈО) отвори седум нови истраги против 17 лица за злоупотреба на службена положба, измама во службата и други кривични дела.

Истрагата за случајот „Тарифа 2“ се однесува на злоупотреба на набавка на ЕРП софтвер во ЕЛЕМ. Осомничено е едно лице кое веќе е обвинето и во предметот „Тарифа“. Вкупната направена штета со извршените злоупотреби е 288.880 евра.

Последната истрага „Транспортер 2“ е продолжение на случајот „Транспортер 1“, а се однесува на злоупотреби со превоз на ученици во Битола во периодот од 2009 до 2011 година. И во оваа истрага осомничен е поранешниот градоначалник на Битола, но и тројца директори на основни училишта. Вкупната причинета штета со направените злоупотреби во „Транспортер 2“ изнесува 1.873.583 денари.