Министерството за правда попладнево соопшти дека извештајот од извршениот увид во функционалноста на информатичкиот систем АКМИС и надзорот над примената на одредбите од Судскиот деловник во судовите, е доставен до надлежните институции на натамошно постапување.

„Напоменуваме дека извештајот се однесува на увидот кој беше извршен во Основниот суд Скопје 1 Скопје, Апелациониот суд Скопје и Врховниот суд на Република Македонија, од страна на работната група формирана од Министерството за правда, а согласно надлежноста предвидена во Законот за судовите и Судскиот деловник. Исто така напоменуваме дека во овој момент извештајот има статус на класифициран документ и истиот е означен со степен на доверливост, се вели во соопштението од ресорното Министерство.“