Собранието на Република Македонија денеска ги верификуваше мандатите на пратениците Далибор Богдановски и Самка Ибраимовски.

Тие доаѓаат на местата на пратениците Стево Пендаровски и Васко Ковачевски, чии оставки претходно беа констатирани. Пендаровски ја напушти пратеничката функција бидејќи е назначен за национален координатор на Македонија за НАТО, а Васко Ковачевски треба да ја преземе директорската функција во РЕК Битола.

Собраниската седница се одржува без присуство на опозицијата.