Пред одржување на седницата на Апелацискиот суд, судење за „Поткуп“ е закажано во Кривичниот суд, потврдија од судот.

Апелацискиот суд во Скопје денеска треба да одржи седница на која ќе ја разгледува жалбата на одбраната на премиерот и лидер на СДСМ, Зоран Заев, која бара видеоснимките од посебните истражни мерки да не бидат користени како доказ во судската постапка за случајот „Поткуп“, во кој Заев е обвинет.

Пред одржување на седницата на Апелацискиот суд, судење за „Поткуп“ е закажано во Кривичниот суд, потврдија од судот.

Последната седница во Апелацискиот суд беше одложена, бидејќи судијата известител за овој случајот е избран за судија во Врховен суд. Седницата беше одложена на неопределено време.