Рождеството христово- Божик како еден од најсветлите и највозвишените денови во христијанството треба да не поттикне кон меѓусебно разбирање и почитување како услов за успех на општеството, се вели во честитката од претседателот Иванов до верниците.
Претседателот на републиката, Ѓорге Иванов упати честитка до сите христијански верници кои го прославуваат Божик според Грегоријанскиот календар.
„Празнувајќи го Божик ние се потсетуваме на еден од најзначајните моменти во историјата- денот кога синот божји поради љубовта кон човештвото се отелотвори и стана човек. Поистоветувајќи се со нас, Христос ни овозможи и ние да се поистоветиме со неговите заповеди, да имаме љубов кон бога и солидарност кон нашите ближни, да простуваме за да ни се прости, да бидеме милостиви заради милоста што веќе ни е укажана. Рождеството христово- Божик како еден од најсветлите и највозвишените денови во христијанството треба да не поттикне кон меѓусебно разбирање и почитување како услов за успех на општеството“, се вели во честитката од претседателот Иванов до верниците.