Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ не се појавија ниту на денешната седница на која народните избраници гласаат за изборот на новиот јавен обвинител Љубомир Јовески.

Од ВМРО-ДПМНЕ за денеска немаше најава дека ќе ја бојкотираат работата на седницата. Но, од опозицијата неколкупати претходно најавија дека нема да учествуваат во работните тела на Собранието сè додека не се ослободат притворените пратениците кои се сомничат за учество во настаните од 27 април.

Инаку, без присуство на опозицијата изминатата недела беа донесени неколку важни одлуки, меѓу кои и буџетот за 2018 година.