Лидерот на Алијаната на Албанците Зијадин Села попладнево дојде во Собранието најверојатно на средба со претседателот на Собранието Талат Џафери.

Села, како што јави МИА, е забележан како пристигнува во Парламентот и се упатува кон канцелариите на Џафери. Од Кабинетот на претседателот на Собранието засега нема информација дали спикерот е на средба со лидерот на Алијансата на Албанците.

Пристигнувањето на лидерот на Алијансата на Албанците се совпаѓа со паузата по гласањето за јавен обвинител за што немаше кворум.