Нов министер без ресор задолжен за имплементација на Стратегијата за Ромите ќе биде Аксел Ахмедовски.
Тој е роден во Делчево, а дипломирал на Правниот факултет во Скопје. Основач е на невладината организација КХАМ од Делчево.
Од 1994 до 2002 бил член на СДСМ, од 2008 до 2012 генерален секретар на Партијата за целосна еманципација на Ромите (ПЦЕР), а од 2013 потпретседател на оваа партија.
Од 2013 до 2017 како правен консултант и застапник на невладината КХАМ се подготвени и доставени 21 тужба до РМ-МВР поради нееднаков третман, дискриминација и недозволен излез на Ромите низ македонските граници, од кои шест се правосилни.