Собранието на Република Македонија денеска треба да ja одржи 29. седница на чиј дневен ред се пратенички прашања на кои треба да одговараат владините претставници.
Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ најавија дека нема да учествуваат на седницата посветена на пратенички прашања.
Ова решение е донесено по одлуката на Кривичниот суд за продолжување на притворите на осомничените за насилствата на 27 април во Собранието, меѓу кои и за пратеници од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата.
Премиерот Зоран Заев, вчера изјави дека очекува пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ да се врати во Собранието и да присуствува на оваа седница.
Доколку не дојдат, како што рече, седницата ќе биде многу кратка, бидејќи нема намера да им одговара на пратениците од владејачкото мнозинство.
За денеска е закажано и продолжение на 22 седница, на чиј дневен ред се Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за Судскиот совет на Република Македонија, Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за заштита на сведоци, по скратена постапка и Предлог на закон за престанок на важењето на Законот за Советот за утврдување на факти и покренување на постапка за утврдување одговорност за судија, сите по скратена постапка