Финансиската полиција извршила дополнителни проверки во врска со кривичната пријава против поранешната директорка на Агенцијата за филм, за кривичното дело „злоупотреба на службена положба и овластување“, при што е утврдено дека управителот на „Јадран филм“ постапил спротивно на член 37 од Законот за филмска дејност.
Финансиската полиција поднесе кривична пријава против управителот на „Јадран филм“ - Скопје. Осомничен е за злоупотреба на службена положба и овластување.
Финансиската полиција извршила дополнителни проверки во врска со кривичната пријава против поранешната директорка на Агенцијата за филм, за кривичното дело „злоупотреба на службена положба и овластување“, при што е утврдено дека управителот на „Јадран филм“ постапил спротивно на член 37 од Законот за филмска дејност.
Иако имал обврска 65 проценти од доделените парични средства наменски да ги потроши во Република Македонија, во три наврати извршил откуп на девизни средства и ги префрлил на фирми во Република Хрватска и САД, како и на сметката на неговата фирма „Јадран филм продакшн сервис“ Д.О.О Загреб која е и основач на „Јадран Филм“ ДООЕЛ Скопје, на кој начин се стекнал со противправна имотна корист на штета Агенцијата за филм на Република Македонија за износ од 34.428.357 денари, соопшти Управата за финансиска полиција.