Црквата се меша во дипломатски прашања, а не сака државата да се меша во црковните теми. Дали црквата чекори заедно со „Златна зора“? Ова се дел од прашањата и дилемите на извори од грчкото МНР, според „Катимерини“, по одлуката на Светиот синод на Грчката православна црква дека не го прифаќаат ниту терминот Македонија, ниту кој било друг изведен збор во името на северниот сосед.
Грчки медиуми јавуваат за остри критики од официјална Атина до Грчката православна црква за ставовите околу употребата на терминот Македонија во името на северниот сосед.
Црквата се меша во дипломатски прашања, а не сака државата да се меша во црковните теми. Дали црквата чекори заедно со „Златна зора“? Ова се дел од прашањата и дилемите на извори од грчкото МНР, според „Катимерини“, по одлуката на Светиот синод на Грчката православна црква дека не го прифаќаат ниту терминот Македонија, ниту кој било друг изведен збор во името на северниот сосед.
„Катимерини“, како што јавува МИА од Атина, во денешното издание, во текстот под наслов „Отворен фронт со црквата за името“, пренесува ставови на Министерството за надворешни работи на Грција.
Неколку часа по соопштението од Грчката православна црква, извори од грчкото МНР, за весникот остро ја коментирале одлуката на црквата, поставувајќи пет теми, меѓу кои и ставот дека црквата се меша во политиката на земјата и ги надминала надлежностите, иако претходно не се интересирала за текот на преговорите.
Официјална Атина ѝ препорачува на грчката црква да биде особено внимателна и да се фокусира на националниот интерес, а не на личните интереси на архијереите.