Европското првенство во Хрватска, ги собра на едно место Словенија, Македонија и Црна Гора за да ја промовираат заедничката кандидатура за женското Европско првенство во 2022 година.
Ова е во организација на Словенечката ракомента федерација, а кандидатура за организација имаат три земји (Словенија, Македонија и Црна Гора).
Претседателот на Ракометната федерација на Македонија, Живко Мукаетов вели дека е оптимист и дека ова ќе биде инекција за женскиот ракомет
„Јас сум оптимист и за организацијата на ЕП 2022. Идејата е да настапуваме заедно и да се обидеме да го донесеме првенството во Скопје, Љубљана и Подгорица. Мислам дека настапувањето заеднички, регионално, очигледно дава резултати и мислам дека имаме добри, да не речам одлични шанси да го организираме. Ќе биде еден голем плус за Македонија, мислам дека ќе ја афирмираме државата и ракометот на еден многу позитивен начин. Женскиот ракомет во моментот е на една пониска гранка на развиеност од машкиот, па ова ќе биде една инјекција за да дојде ниво барем блиску до машкиот ракомет“, вели претседателот на РФМ, Живко Мукаетов.
На денешната презентација присуствуваше и градоначалникот на Скопје, Петре Шилеков кој пак вели дека Скопје го има потребниот капацитет за организација на Европско првенство.
„Јас сум убеден, поради добрата работа и организираност на РФМ и поради соработката која ја имаме овие три држави на локално ниво, дека градот Скпоје со овој регионален пристап ќе успее да се јави како еден од коорганизаторите. Градот Скпоје ги има потребните капацитети и перформанси за организирање. Имаме две сали кои ги задоволуваат стандардите многу сместувачки капацитети“, вели градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов.
Скопје, Љубљана и Подгорица имаат големи шанси да го добијат континенталниот собир во 2022. година.
Извор: Sportm.mk