Собранието на мускули на денешната седница, со 59 гласа „за“, и 1 воздржан, без присуство на опозицијата, го усвои ова законско решение кое СДСМ и ДУИ го стокмија пред локалните избори во октомври, минатата година.
Тепачи, насилници, изнудувачи, киднапери наместо да ги ресоцијализира, власта ги ослободува. Пратениците од владеачкото мнозинство го изгласаа законот за амнестија.
Собранието на мускули на денешната седница, со 59 гласа „за“, и 1 воздржан, без присуство на опозицијата, го усвои ова законско решение кое СДСМ и ДУИ го стокмија пред локалните избори во октомври, минатата година.
Убиство од благородни побуди, убиство од небрежност, убиство на дете при пораѓање, наведување и помагање самоубиство, телесна повреда, тешка телесна повреда, учество во тепачка, се само дел од делата кои подлежат на амнестија. Од решетки ќе куртулат и тепачите кои при пресметка освен тупаници, користеле и ножеви или му го загрозиле животот на некого со друго орудие. Од казна може да куртулат и киднаперите или изнудувачите ако судот ги осудил на минимална казна од 6 месеци, или побрзо ќе бидат ослободени, ако ја добиле максималната казна до 3 години.
Со Законот за амнестија, кој е составен од само 7 члена, веднаш ќе бидат ослободени околу 670 затвореници осудени на затвор до 6 месеци, а над 3000 казната ќе им биле намалена за 30 %.