Скопскиот Aпелациски суд ги одби како неосновани жалбите на седуммина осомничени за собраниските настани од 27-ми април минатата година.
Во соопштението на судот се наведува дека советот ги потврдил решенијата на кривичниот совет од Скопска единица, со кои овие осомничени остануваат во притвор.
Претходно, истиот суд донесе одлука со која им се продолжи притворот на екс-министерот Митко Чавков, на оперскиот пејач Игор Дурловски и на актерот Владо Јовановски.
Обвинителството отвори истрага за терористичко загрозување на уставниот поредок и за безбедноста.