Генералот Величковски ќе говори на сесиите на земјите- учеснички во мисијата „Одлучна поддршка“ и земјите- партнери на НАТО.

Началникот на Генералштабот на АРМ, генерал- потполковник Методија Величковски, во Брисел ќе учествува на заседанието на Воениот комитет на НАТО во формат на началници на генералштабови.

Генералот Величковски ќе говори на сесиите на земјите- учеснички во мисијата „Одлучна поддршка“ и земјите- партнери на НАТО.

Во ваков формат, Воениот комитет на НАТО заседава двапати годишно, на кој се разгледуваат актуелните мисии и операции на Алијансата, како и обезбедување воени совети при справување со глобалните безбедносни предизвици.