Во обвинителството за организиран криминал и корупција пратеникот Јохан Тарчуловски дава исказ во врска со насилствата од Собрание на 27 април. Тој беше утринава спроведен од домашен притвор кој му беше определен откако обвинителството го осомничи за терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста, а кој втор пат му беше продолжен а Апелациониот суд ја одби неговата жалба за укинување.
Тој вчера преку неговиот адвокат побара од Кривичниот суд да му дозволи во четврток да може да го напушти својот дом на четири часа за во Собранието лично да го слуша обраќањето на генералниот секретар на НАТО, Јенс Солтенберг. Тарчуловски очекува да добие дозвола од судот бидејќи како што навел во писмото, свесен е за одземениот имунитет за да му биде определен домашен притвор, но и во оваа фаза се уште ја извршува функцијата пратеник.